Орка холдинг продаде половина од Графички центар Скопје

Bez autora
Sep 02 2012

Орка холдинг и продаде 50 % од уделот кој го поседува во Графички центар Скопје на компанијата Интернет груп од Србија. Како што соопштија од Орка холдинг, компанијата Интернет груп е сопственик на електронскиот портал Телеграф, портал со најголем раст и рејтинг во Југоисточна Европа, кој месечно достигнува посетеност од преку 5 милиони читатели, преку 16 милиони отворени страници и преку 150.000 читатели од Македонија. Уште при самото купување на групацијата Медиа принт Македонија Орка холдинг најави дека преговара со стратешки партнери од регионот за влез во делот од компанијата. По влезот на Орка холдинг во МПМ групацијата, главен приоритет на компанијата беше изготвување на комплетно нова стратегија за електронските изданија на четирите дневни весници (Вест, Утрински весник, Дневник и Македонски спорт) и неделникот Теа модерна, како и отворање на нов независен портал со комплетно независна редакција со работно време од 24 часа секој ден во неделата.

Орка холдинг продаде половина од Графички центар СкопјеОрка холдинг и продаде 50 % од уделот кој го поседува во Графички центар Скопје на компанијата Интернет груп од Србија. Како што соопштија од Орка холдинг, компанијата Интернет груп е сопственик на електронскиот портал Телеграф (www.telegraf.rs), портал со најголем раст и рејтинг во Југоисточна Европа, кој месечно достигнува посетеност од преку 5 милиони читатели, преку 16 милиони отворени страници и преку 150.000 читатели од Македонија.

- Уште при самото купување на групацијата Медиа принт Македонија Орка холдинг најави дека преговара со стратешки партнери од регионот за влез во делот од компанијата. По влезот на Орка холдинг во МПМ групацијата, главен приоритет на компанијата беше изготвување на комплетно нова стратегија за електронските изданија на четирите дневни весници (Вест, Утрински весник, Дневник и Македонски спорт) и неделникот Теа модерна, како и отворање на нов независен портал со комплетно независна редакција со работно време од 24 часа секој ден во неделата.

Изминатиов период компанијата Орка холдинг направи реорганизација на шесте компании во МПМ групацијата велат од Холдингот.

МПМ е 100 % сопственик на компаниите Круг, Огледало, Планет прес и Македонски спорт, кои се во фаза на спојување во една компанија под името Телеграф МКД, која ќе се занимава со електронската платформа на сите печатени списанија на групацијата МПМ и нивните електронски верзии. Телеграф МКД ќе го основа и првиот интерактивен портал - Телеграф МКД по примерот на светските модерни интернет-портали, кој ќе биде единствениот портал во Македонија составен од независна редакција од 50 новинари која ќе биде активна 24 часа секој ден во неделата. Новиот веб-портал - Телеграф МКД со најсовремена платформа досега кај нас, ќе биде достапен во три електронски изданија: на македонски, албански и англиски јазик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik